Trump Putin
Фото: ЕПА

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се реши конфликтот во Украина.

-Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така што го очекуваме тоа. Мораме да ставиме крај на оваа војна – рече Трамп, говорејќи на конференција во американската сојузна држава Аризона.

Трамп го нарече конфликтот во Украина „страшен“ и повтори дека конфликтот немаше да дојде доколку тој беше претседател на САД наместо Џозеф Бајден.