Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на оваа година.

-Нема да го продолжиме транзитот на руски гас – рече Зеленски на прес-конференција за време на самитот на ЕУ во Брисел.

Зеленски, исто така, апелираше до европските сојузници да ја координираат нивната работа за изнаоѓање траен мир во Украина.