Во НЛБ-галерија е отворена изложбата на дела од академскиот уметник Константин Качев, кој спаѓа во редот на најистакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент, во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Качев е член на ДЛУМ и е носител на голем број значајни награди за ликовна уметност. Покрај групните, зад себе има голем број самостојни изложби во Македонија, но и во странство: Њујорк, Париз, Лион, Минхен, Берлин, Њујорк, Софија, Москва…
Изложбата ќе биде дополнително збогатена со скулптурите од керамика на Елена Виденова од Бугарија.