Хоророт-трилерот-комедијата „Поинаков човек“ е прогласен за најдобар филм на 34-то издание на наградите „готам“, одржано на 2 декември во Њујорк.
Тоа е четврта награда за ова остварување, по триумфот на фестивалите во Берлин (најдобра машка улога), Ситгес (најдобро сценарио) и Палм Спрингс (најдобра режија).
„Поинаков човек“ е приказна за амбициозен актер, кој е подложен на радикална медицинска процедура за да го промени својот изглед. Но неговото ново лице од соништата наскоро се претвора во кошмар.
Режисер на оваа продукција е Арон Шимберг, за кого ова е трет долгометражен филм, по „Оковани за живот“ и „Мадолу по смртта“.
На истиот настан, индискиот „Сè што замислуваме како светлина“ беше прогласен за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје. Наградата за најдобро сценарио ја доби Азазел Џејкобс за „Неговите три ќерки“, а најдобар режисер е Рамел Рос за „Никел бојс“.