Фото: ЕПА

Натпреварите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година ќе се одвиваат во четири главни географски зони и ќе има вкупно 116 натпревари за медали, објави Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Игрите во Милано и во Кортина д’Ампецо треба да почнат на 4 февруари 2026 година, церемонијата на отворање е два дена подоцна, а свеченото затворање на Игрите е предвидено за 22 февруари 2026 година, пишува ИОК.
Географските зони се Милано (Милано и Верона церемонии на отворање и затворање, во Милано хокеј, брзо лизгање, уметничко лизгање и трки на кратки патеки), Валтелина (скијање слободен стил и сноуборд во Ливињо, скијачко планинарење и алпско скијање за мажи на Стелвио), Кортина (алпско скијање за жени во Тофано, карлинг, боб и санкање во Кортина, биатлон во Антерселва) и Вал ди Фиеме (скијачки скокови во Предацо, крос-кантри скијање во Тесеро), соопшти Интернационалниот олимписки комитет, кој го објави и прелиминарниот распоред на натпреварите. Н.М.