Архива / Фото: Нова Македонија

Три возила синоќа биле опожарени во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово.
Според информациите, пожарникарите интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и на уште едно на улицата „Никола Вапцаров“, со по една екипа.
На пожарот на фотокопирницата, пожарникарите интервенрирале од 3:15 до 04 часот, на двата автомобили на улицата „Трст“ од 3:25 до 4:20 часот, последната интервенција е од 5:40 до 6:15 часот.

Во дневниот билтен на РЦУК Куманово се наведува дека пожарникарите синоќа има уште две интервенции на опожарена фотокопирница на улицата „11 Октомври“ и на опожарена фасада од куќа на улицата „Никола Вапцаров“.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор – велат од Основното јавно обвинителство.

Еден од опожарените автомобили бил на јавен обвинител.