Фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра.

– Тоа е одлука на Регулаторната комисија, но јас очекувам да не се движи повеќе од она што го зборував, значи помеѓу еден и три проценти, што ќе каже- најниско зголемување, убедливо неколку пати во регионот и Европа, а во првиот и вториот блок каде што се најголемиот дел од потрошувачите или повеќе од 75 проценти не очекувам да биде повисока од 0, 5 проценти – рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.