Британската министерка за транспорт Луиз Хеј поднесе оставка откако се изјасни за виновна дека не и дала точни информации на полицијата за службениот мобилен телефон украден во 2013 година. Хеј тогаш опишала брутален напад и грабеж на нејзината чанта, но по некое време открила дека телефонот е кај неа.
Во писмото до премиерот Кир Стармер, таа напиша:
„Без оглед на фактите за овој случај, тоа ќе биде одвраќање од работата на владата и на политиките на кои сме посветени. Секогаш ќе бидам благодарна за поддршката што ми ја дадовте и горда сум на нашите достигнувања од изборите“.
Хеј се извини што беше принудена да замине под овие околности, но додаде дека си заминува со чест поради досегашната работа.