Фото: ЕПА

Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело – банана залепена со лента за ѕид – јадејќи го овошјето.

Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата – ја изеде бананата.

-Ова беше многу подобра од други банани… Навистина е добар вкус – рече Сан.