Страв и ужас во Австрија. Австријците се згрозени од веста дека 29-годишна мајка го избодела до смрт својот 4-годишен син со нож во неделата наутро во 7 часот и 30 минути во Виена. Особено станарите од зградата во виенскиот 11-ти станбен кварт Фаворитен, каде што се случи злосторството. Според медиумите, за убиството на момчето е осомничена мајката на момчето, 29-годишната Елифнур О., со турско потекло, која работела како помошничка во градинка. Соседите, како и нејзината најдобра пријателка, ја нарекуваат „мајка полна со љубов“. Никому не му е јасно што се случило за мајката да крене рака на сопственото дете?
За време на убиството во станот бил и сопругот на 29-годишната жена. Тој повикал брза помош и полиција, кои исто така биле шокирани кога го пронашле безживотното тело на момчето облеано во крв. Како што пишува „Хојте“, по пристигнувањето на полицијата, таткото на момчето бил облеан во крв од очајните обиди да го спаси синот, набргу потоа колабирал, липајќи на скалите.
-Неутешни сме! Срцето ни е скршено што ова слатко дете е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај – плачеше Хасрет Д.(34), добра пријателка на Турчинката осомничена за убиство.
-Не можам да замислам дека би направила такво нешто – додава пријателката на осомничената, која исто така е педагошки асистент во градинката и често биле заедно.
-Никогаш никому ништо лошо не направила, а синот си го сакаше многу – вели 34-годишната жена, чии деца често си играле со жртвата, а сите заедно лете оделе да пливаат во базен.
Мајката осомничена за убиство на сопствениот син била уапсена од полицијата и со повреди на рацете однесена во болница. Според „Хојте“, таа најверојатно наскоро ќе биде префрлена во истражен затвор. Се уште не е познат мотивот за убиството. Истрагата е во тек.