Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.
– Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на тие односи – изјави Ердоганпо враќањето од Азербејџан , јави Си-eн-eн турк.
Ердоган изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.