ПРВЕНСТВО НА САД ЗА ФУДБАЛЕРКИ
Канзас сити карент, чиј тренер е македонскиот стручњак Влатко Андоновски, постигна три гола во период од 10 минути во победата на гости кај Чикаго со 3-1, во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во Националната женска фудбалска лига на САД.
Со тоа Канзас сити ја заокружи регуларната сезона со рекордни 57 гола, откако претходниот рекорд за постигнати голови во една сезона на првенството на САД го држеше Северна Каролина, со 54 погодока во 2019 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Во плејофот се пласираа првите осум екипи, а Канзас сити во четврт-финалето игра дома, со Северна Каролина, в сабота. Н.М.