Јулија Навална, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави за Би-би-си дека има намера да биде претседателка на Русија. Таа вели дека таа одлука како и многу други ја донела со сопругот.
Навална вели дека знае дека се соочува со апсење доколку се врати дома додека Путин е сè уште на власт. Неговата администрација ја обвини за учество во екстремизам.
Нејзиниот сопруг, најгласниот критичар на претседателот Путин, беше осуден на 19 години за екстремизам и почина во февруари во азнена колонија во Арктичкиот круг. Русија негира дека го убила Навални.
Презентирајќи го „Патриот“, мемоарите што нејзиниот сопруг ги напиша пред неговата смрт, Навална ги повтори своите планови да ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг за демократија.
-Кога ќе дојде време, ќе учествувам на претседателските избори како кандидат. Мој политички противник е Владимир Путин. И ќе направам се за да го урнеме неговиот режим што е можно поскоро – рече Навална.