Фото: Пиксабеј

Со новиот закон со кој се забранува фрлање храна, шпанската влада одлучи да ги поттикне луѓето да ги носат дома остатоците од ресторани, продавници и од угостителски објекти. Дополнително, на тој начин го промовира и поттикнува производството на џемови и слични производи, со цел да се намали количеството на резервите храна што се пред истекување. Сето ова има цел да го намали количеството храна што се фрла секоја година.
Од оваа година Шпанците строго се борат со законот против фрлање храна. Според владиниот предлог, од супермаркетите, продавниците и од рестораните ќе се бара да ги намалат цените на производите на кои им истекува рокот. Дополнително, ќе бидат обврзани да ги донираат и оние производи што нема да се користат.
Истата обврска имаат и училишните ресторани, работничките и болничките мензи, доколку храната на кој било начин не се користи, како зимница или како производи како џемови и слично. Крајното решение е да се претвори во сточна храна. Баровите и рестораните во Шпанија ќе бидат принудени на своите гости да им нудат бесплатни „кучешки ќесиња“ за да можат да носат дома неизедена храна во согласност со новиот закон за отпадоци од храна.
Законот, кој се очекува да стапи во сила на 1 јануари следната година, ќе бара од компаниите сега да направат планови за намалување на загубата и отпадот на храна. За фирмите што нема да го почитуваат овој закон се предвидени строги казни, кои се движат и до неколку десетици илјади евра.