Фото: „Нова Македонија“

Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто.

Зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 отсто, кај домашните туристи за 2,6, а кај странските за 9,3 проценти.

Бројот на туристите во август годинава бил 232 576. Од нив 48,6 отсто биле домашни, а 51,4 проценти странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесувал 911.478 и тоа 74,3 отсто од домашни и 25,7 проиценти од странски туристи.