Фото: Маја Јаневска-Илиева

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ денеска се појави пред новинарите со свое видување на продолжението на судското рочиште за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски на коешто сведочеа мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката и зетот на убиентот Панче Жежовски – Ана Киркова и Тодор Кирков.

– Пред се, денеска е битен исказот на мајката затоа што, се расчистија сите шпекулации и мистерии, тајни кои се провлекуваа во јавноста во изминатиот период од откривањето на настанот. Сметам дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната дека Александар нема никаква инволвираност. Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот дека неговото дете е прелажано, бидејќи дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, сите биле насочени со цел да се пронајде детето. Можам да констатирам дека денешниот исказ има логичен след, има логична смисла, за разлика од исказот на истиот овој сведок во Јавното обвинителство и ова што го слушнавме денеска има свој логичен след – рече Туфегчиќ.

Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави од своја страна адвокатот Марјан Витановски.

– Зорица Ѓорчевска во својот исказ не посочи дека го познава Палчо, а не знаеше ни дали нејзиниот сопруг Александар воопшто се познавал со Палчо. Нејзиниот исказ повеќе се состоеше од тоа како се одвивала потрагата и кои дејствија ги презела таа. Во однос на оштетената Ана Киркова, и таа не ги познава обвинетите освен Велибор Манев. Не знае за било какви недоразбирања со Палевски, а истото го кажа и нејзиниот сопруг сведокот Тодор Кирков. Засега, нема ниту еден дел од нивниот исказ кој упатува кон тоа дека Палевски е сторител на кривичните дела. Ние баравме од оштетената и субјективно мислење дали можеби претпоставува дека можеби нејзиниот сопруг и Палевски биле во некаков контакт, а таа одговори дека не знае за такво нешто – рече Витановски.

Според доказите, постои голема можност, додаде тој, обвинетиот Љупчо Палевски воопшто да не биде поврзан со кривичните дела.

– Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент – додаде Витановски.