Благоја Милевски/Фото: ФФМ

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10. октомври) и против Ерменија во Ереван (13. октомври) од Лигата на нациите. Ново име на списокот е Андреј Стојчевски од Жилина, кој треба да го пополни местото на суспендираните Серафимов и Зајков.

-Не очекуваат уште 4 натпревари до крајот на Лига на нации. Секој меч до крај ќе биде еднакво важен. Ме радува фактот и се надевам дека ќе остане така до крај дека се зависи од нас. Македонија се прашува за изгледот на табелата до крајот на Лигата на нациите – рече Милевски.

Покрај двајцата суспендирани играчи поради картони, селекторот се соочува и со повреди и слаба форма на одредени играчи, односно немањето ангажман на некои од стандардните првотимци. Меѓу другото, тој нема да смета на Кристијан Трапановски за следните два дуели од Лигата на нациите, поради повреда.

-За жал пак имаме повредени играчи. Трапановски нема да биде со нас поради повреда на тренинг и ќе мора да паузира 4 до 6 недели. Се надевам дека Трајковски ќе биде фит. За жал Дарко Велковски се уште нема клуб и не е во посакуваната форма и она што се очекува од него – додаде Милевски.

Списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)

Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

 

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)

Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)

Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)

Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)

Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)

Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)

Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)

 

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)

Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)

Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)

Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)

Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)

Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)

 

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)

Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)

Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)

Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)

Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)

Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)