Моника Стојковска

Магнус Карлсен (рејтинг 2.832) во машка и Јифан Хоу (2.633) во женска конкуренција и понатаму доминираат на светскиот врв

ШАХ – ОКТОМВРИСКА РЕЈТИНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ

Од преставниците што ги бранеа боите на Македонија на 45. Шаховска олимпијада во Будимпешта, според октомвриската рејтинг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), кај четворица има зголемување на личниот рејтинг, кај петмина намалување, а кај еден рејтингот остана ист. Во машкиот состав, велемајсторот (ВМ) Евгени Романов и понатаму е прв, сега со нови 13 рејтинг-поени (р.п.) во однос на септември (вкупно 2.580). Пораст на рејтингот (33) има и носителот на сребрен олимписки медал на втората табла од Будимпешта, интернационалниот мајстор (ИМ) Тони Лазов (2.393), кој се искачи на шестото место од 12-то. ИМ Никола Николовски падна за едно место и е осми, со истиот рејтинг (2.388), ИМ Емил Ристески напредуваше едно место и е 10. иако загуби два р.п. (2.367), поени загуби и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Антон Златков (2.323), но напредуваше за едно место и сега е 14. на македонската ФИДЕ-листа. Кај репрезентативките, ЖФМ Моника Стојковска се врати на првата позиција (рејтинг 2.067) со нови 24 р.п., новиот ЖФМ Ивана Манова напредуваше за едно место и сега е трета (2.060), со плус 28 р.п., најмногу на женската листа, Моника Жежовска од првата падна на петтата позиција (рејтинг 1.985), Сања Трајковска од седмата на осмата позиција (1.899), Леа Ефтовска од 10-то на 11-то место… на македонската листа на ФИДЕ меѓу 41 шахистка.

Тони Лазов

На светската листа за октомври врвот и понатаму го држи некогашниот светски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен (2.831), кој загуби еден рејтинг-поен. Втор остана Американецот Хикару Накамура (2.832), а од петото на третото место се искачи извонредниот Индиец Ајрун Еригаиси (2.779) со плус 19 р.п. Кај шахистките, на врвот е неприкосновена поранешната светска првенка Јифан Хоу (2.633), актуелната Ју Венјун е втора (2.563), а Тан Жонгји е трета (2.551), сите три од Кина, но и со исти рејтинзи од септември.
Екипно, пак, меѓу 203 федерации, Македонија (мажи) напредуваше за едно место и сега е на 57-то, со нови шест р.п. (2.426, просечен рејтинг на првите 10 шахисти). Водат САД (2.730), пред Индија (2.717) и Кина (2.678). Македонија (жени) од 59-то сега е на 61-то место (1.966, -10 поени). Прва е Кина (2.486), пред Индија (2.421), Украина (2.391)… Г.И.


ОКТОМВРИСКА РАНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ

ВРВНИ ПЕТ МАКЕДОНСКИ ШАХИСТИ
1. (1) ВМ Евгени Романов 2.567
2. (2) ВМ Трајко Недев 2.475
3. (3) ИМ Дејан Стојановски 2.426
4. (4) ВМ Александар Чоловиќ 2.413
5. (5) ИМ Филип Панчевски 2.410

ВРВНИ ПЕТ МАКЕДОНСКИ ШАХИСТКИ
1. (3) ЖФМ Моника Стојковска 2.067
2. (2) ЖФМ Весна Секуловска 2.062
3. (4) Ивана Манова 2.060
4. (5) ЖИМ Габриела Коскоска 2.002
5. (1) Моника Жежовска 1.985

ВРВНИ ПЕТ СВЕТСКИ ШАХИСТИ
1. (1) Магнус Карлсен 2.831
2. (2) Хикару Накамура 2.802
3. (4) Ајрун Еригаиси 2.797
4. (3) Фабијано Каруана 2.796
5. (7) Домарају Гукеш 2.794

ВРВНИ ПЕТ СВЕТСКИ ШАХИСТКИ
1. (1) Јифан Хоу 2.633
2. (2) Ју Венјун 2.563
3. (3) Тан Жонгји 2.551
4. (4) Леи Тингџие 2.549
5. (5) Александра Горјачкина 2.533

во заградите се пласманите на претходната листа