Нов мурал во „Театар комедија“
Во центарот на Скопје, „Театар комедија“ сега се гордее со ново, живописно уметничко дело. Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Талавера де ла Реина“.
Ова прекрасно дело не е само мурал туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение.
– Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката „Талавера де ла Реина“ во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност – велат иницијаторите на овој проект.
Овој мурал не само што го обележува просторот туку и создава мостови помеѓу различни култури и стилови.