Фотографијата Златниот момент на авторката Анета Илиевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Фотографијата е направена на 16.9.2024, некаде околу 18 часот. Уште додека го поминував Камениот мост, во насока кон Старата скопската чаршија, забележав дека златните зраци од сонцето паѓаат само на одредени елементи, правејќи неверојатен контраст помеѓу светлината и сенките. Кадарот кој е овековечен на оваа фотографија, ја раскажува магијата на „златниот момент“ – вели Илиевска.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.