Фото: Пиксабеј

ТРИ НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ

Невропсихологот Кендал Максвел ја проучува врската помеѓу човечкиот мозок и однесувањето и посветува особено внимание на навиките. Тоа се оние дејства што стануваат автоматски во одреден временски период.
– Кога се менува структурата на нашиот секојдневен живот, се менува и нашето однесување. Сите сфативме, кога започна епидемијата на ковид, и јас исто така на своја кожа почувствував колку промената на навиките нѐ менува, и на подобро и на полошо – вели д-р Максвел.

Кога некое однесување станува навика, потребно е помалку работа за мозокот и телото да го изведат отколку за нова задача.
– Тогаш се ослободуваат невротрансмитерите за добро чувство – допамин, окситоцин, ендорфин и серотонин – објаснува Кендал.
Таа наведува и кои навики имаат најголемо влијание врз лачењето на овие невротрансмитери.

1. Фокусирајте се на постапките што ви даваат чувство за смисла во животот
Секој ден треба да изберете барем една ваква активност и не е важно дали е нешто големо или мало. За студент тоа може да биде подготовка за испит, за постар човек – помош на некој во семејството или извршување некоја друга домашна должност. Секое утро запрашајте се што сакате да постигнете тој ден и потоа остварете го тоа. Запомнете го тоа пред спиење.

2. Редовно движење
Голем број истражувања укажуваат на силна врска помеѓу мозокот и телото, а поконкретно – срцето. Грижата за вашето срце е од суштинско значење доколку сакате да живеете долг и здрав живот, а за тоа е важно да се занимавате со физички вежби. Можете да одлучите да одите на прошетка – секој ден во неделата, по 40 минути, поинтензивен тренинг од половина час трипати неделно или јога.
– Секое од овие видови вежбање го стимулира ослободувањето на овие невротрансмитери – вели д-р Максвел.

3. Останување во рамките на општеството
Осаменоста го зголемува ризикот од смрт кај постарите лица, покажуваат многу студии. Луѓето уживаат во друштво и ова е природен начин да се зголеми ослободувањето корисни невротрансмитери.
Побарајте група во која се чувствувате удобно, придружете им се на оние со кои делите исто хоби. Истражувањата покажуваат дека е корисно да одите на места каде што има луѓе (кафуле, театар, изложба), дури и ако не комуницирате со нив.