Фото: КБ Прво

КБ Прво ви споделува нешто супер возбудливо само за вас! На 14 септември, дојдете во Градски парк, Скопје на „Школка“ и поминете прекрасен ден исполнет со забава, игри и направете и нешто што е добро за нашата планета!

Како дел од кампањата „Замени и засади“, КБ Прво организира забавно-едукативен настан на кој можете да учите, да играте, да се дружите, но и да направите вистинска разлика. Ве очекуваат многу интересни содржини – игри, музички перформанси и различни активности кои ќе ве забавуваат, а истовремено и ќе ви дадат информации за тоа како да бидете еколошки посвесни. Одлична можност за сите возрасти да уживаат во еден возбудлив ден додека имаат позитивно влијание врз животната околина!

– Идејата е едноставна – заменете го начинот на кој го добивате вашиот извештај за пензиска заштеда и наместо во хартиена форма, добивајте го по електронски пат, а ние ќе засадиме едно дрво во ваша чест. Една мала промена од вас значи една голема промена за нашата планета! – велат од КБ Прво.

– Станува збор за здружување каде ќе можеме да покажеме дека малите акции можат да имаат големо влијание. Веруваме дека малите промени можат да доведат до големи резултати, а овој настан е доказ за нашата посветеност на општествената одговорност кон заедницата. Со изборот на електронски извештаи, нашите членови не само што го поедноставуваат својот живот, тие исто така играат клучна улога во зачувувањето на нашите природни ресурси. Досега се засадени 10.000 садници, би сакале оваа година да бидат уште толку – додаваат од Друштвото.

Сите кои би сакале да учествуваат во создавање на подобра животна средина се поканети да се приклучат на настанот на 14 септември во 11 часот во Градски парк, Скопје на „Школка“ и да станат дел од заложбата за зелена иднина!
*Настанот е од јавен карактер и истиот подлежи на фотографирање и снимање. Материјалите ќе се користат за промотивни активности на КБ Прво пензиско друштво и објава на социјалните мрежи, веб-страницата на Друштвото или преку други медиуми.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.02/32 24 229