Силно невреме проследено со обилни дождови го зафати хрватскиот град Дубровник, по што делови од градот се под вода.
Најкритично е на брегот на Лапад, каде што паднале огромни количини дожд. Водата влегла во куќите, а некои автомобили останале под вода.
Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, се огласи во врска со ситуацијата.
– Драги сограѓани, екстремната количина врнежи ги поплави речиси сите улици во градот. Сите итни служби се на терен. За жал, ова не е крајот. Според прогнозите, од 15 до 23 часот се очекуваат дополнителни врнежи кои ќе предизвикаат уште поголеми проблеми. Ве молиме да останете во своите домови, освен ако не е апсолутно неопходно да излезете. Заштитете го вашиот имот. Нашите итни служби ќе направат максимални напори да ја испумпаат водата од објектите, но во вакви екстремни услови невозможно е целосно да се спречат поплавите – рече Франковиќ.