Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот.
Како што информираат од МВР, С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.