Фото: Маја Јаневска-Илиева

Европската Унија денеска ќе исплати речиси 4,2 милијарди евра помош на Украина, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На социјалната мрежа „Икс“, таа посочи дека ова е дел од пакетот помош за Украина, кој изнесува 50 милијарди евра.

Според Фон дер Лајен, целта на оваа помош е да се поддржи украинската држава во текот на нејзината борба за опстанок.

Таа потсети дека ЕУ, заедно со земјите-членки, досега обезбедила речиси 114 милијарди евра од почетокот на руската агресија.

– Европа цврсто стои зад Украина -порача Фон дер Лајен.

Земјите членки на ЕУ во февруари го одобрија пакетот помош за Украина вреден 50 милијарди евра.