Кризниот штаб на Пехчево вечерва одржа седница на која, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, е договорено за гаснење на пожарот рано наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери. Во гаснење на пожарот ќе учествуваат и пожарникари од околните градови, Национални шуми и ДЗС.
– Помалиот хеликоптер ќе полни вода од специјално за таа намена наместен базен на стадионот во Пехчево, а големиот МИ 171 со ведро од 2,5 тона ќе полни од 25 тонски базен со вида на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници. Од земја ќе гаснат пожарникари од Берово, Виница, Кочани, Кавадарци како и вработени од Национални Шуми и тим од Дирекцијата за заштита и спасување – информира Ангелов.