Голема победа за македонската таеквондистка Милјана Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ. Дваесет и едногодишната македонска учесничка на олимпсиките игри се пласираше во четвртфиналето категорија до 57 килограми.
Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот на Олимпијадата во Париз.