Од седум часот утрово, досега, Територијалната противпожарна единица во Скопје интервенирала на 16 пожари, од нив, еден во зграда во Ново Лисиче. Информацијата вечерва за МИА ја потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.
– Опожарен беше балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче, интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Пожарот е изгаснат. Повредени нема, штетата допрва ќе се утврдува – појасни тој за МИА.
Интервенирано е и на три независни пожари во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда.
Моментално, активни пожари има во Камник и Блаце. Тие се на отворен простор.