Фото: ЕПА

Сите видовме на Европското првенство колку луѓето беа уморни. И мислам дека така ќе биде и сезонава, се разбира не во почетокот, иако можеби за некои, затоа што некои нема да добијат многу одмор. Но мислам дека тоа е начинот на кој одиме сега, мислам дека не можеме да бидеме постојани на секој натпревар. Можеме да се обидеме, но тешко е да бидеш ако играш повеќе од 70 натпревари годишно, рече Холанд

ФУДБАЛ

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд, предупреди дека фудбалерите не можат да бидат „постојани“ доколку се натераат да играат 70 натпревари годишно, пишува британски „Индепендент“. Репрезентативецот на Норвешка уживаше во летниот одмор откако неговата репрезентација не се пласира на годинашното Европско првенство, но гледаше оддалеку како некои од оние што настапија во Германија се мачеа да ја репродуцираат својата најдобра форма на крајот на долгата сезона.
– Сите видовме на Европското колку луѓето беа уморни. Можете да го видите нивото, можеше да се види дури и во лицата на луѓето колку се уморни од фудбалот, ако може така да се каже. И мислам дека така ќе биде и сезонава, се разбира не во почетокот, иако можеби за некои, затоа што некои нема да добијат многу одмор. Но мислам дека тоа е начинот на кој одиме сега, мислам дека не можеме да бидеме постојани на секој натпревар. Можеме да се обидеме, но тешко е да бидеш ако играш повеќе од 70 натпревари годишно – рече Холанд во Њујорк, за време на претсезонската турнеја на Манчестер сити, пренесе „Индепендент“.
Сити ја освои четвртата последователна титула во англиската Премиер-лига во минатата сезона, а во Лигата на шампионите загуби на пенали од евентуалниот победник Реал Мадрид во кој Холанд ја погоди пречката во возбудливиот четвртфинален реванш дома. Запрашан што им недостасуваше, Холанд рече: „Мислам дека ништо не пропуштаме. Сити беше блиску. Во последните три години бевме толку блиску во Лигата на шампионите, а една година ја освоивме титулата и победивме во Премиер-лигата четири години по ред. Значи, она што му недостига на Сити, не е многу затоа што она што овој клуб го прави во последните шест години е неверојатно. На крајот, во Лигата на шампионите се работи за детали. Ако мојот удар со глава наместо во гредата беше во голот, тоа би било сосема поинаква приказна, можеби“. Н.М.