Автомобил паднал во провалија на длабочина од околу 100 до 200 метри во несреќа кај местото познато како „Превој“, според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објави „Макфакс“.
Во несреќата загинале две лица што со автомобилот возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа, што води преку националниот парк „Галичица“. Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен тоа дека се работи за повозрасни лица.
Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи.