Последниот концерт во рамки на „Класик интернешнл фестивал“ ќе се одржи утревечер со почеток во 20 часот во фоајето на НУЦ К„Антон Панов“ во Струмица.
Концерт ќе одржи камерниот оркестар „Аморосо“ од Р.Србија, а како солист ќе настапи Билјана Милјковиќ на флејта. Ова е петтиот концерт на фестивалот и со тоа ке биде окончано годинешното издание на кое, освен врвни македонски камерни состави, настапија уметници од Хрватска, Бугарија и Србија.
Фестивалот на камерна музика „Класик интернешнл фестивал“ – Струмица годинава се одржува од 1 до 9 јуни на повеќе локации низ Струмица.
Ова е трето фестивалско издание.