Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, утре на 6 јуни во 12 часот, ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од претседатлскиот Кабинет. Врачувањето на мандатот ќе се одржи во Вилата Водно.
На парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај оваа година, ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, односно, 58 пратеници во Собранието. Мицкоски денеска изјави дека преговорите со идните владини партнери се при крај, но не соопшти детали околу кадровските решенија. Коалициски партнер во идната Влада ќе биде коалицијата „Вреди“, а се преговара и со ЗНАМ.
Според законските рокови, Владата треба да се формира во рок од 20 дена по врачување на мандатот, а подршката за нов состав на владиниот кабинет, понатаму треба да го добие двотретинското мнозинство во Собранието.