Во конкуренција на 12 клуба, со околу 150 натпреварувачи во обете конкуренции, Сеишин освои осум златни, три сребрени и два бронзени медала
Џудо-клубот Сеишин од Прилеп доминираше на првенството на Македонија за пионери и пионерки, кое во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), а со техничка организација на ЏК Ипон, се одржа во Скопје. Во конкуренција на 12 клуба, со околу 150 натпреварувачи во обете конкуренции, Сеишин освои осум златни, три сребрени и два бронзени медала, пред второпласираниот Миоки со по два златни и сребрени и еден бронзен мадал, а трет е клубот Преспа со по две златни и сребрени медали.
Поединечно кај Сеишин со злато се закитија: Матеја Николоска, Дила Пупаловиќ, Марко Ацески, Тамара Илиоска, Немања Џагадуроски, Благојче Мантароски, Дарио Нанески и Марко Ацески.
Она што го обележи шампионатот на македонските џудо-надежи, покрај интересните борби и освоени медали, беше ревијалната борба, во која членот на Сеишин, Христијан Кико Стојкоски (од програмата на лица со попреченост), прикажа прекрасна борба и го освои златниот медал, со што и официјално почна првенството, информираат од Сеишин.
Табела: Сеишин осум златни, три сребрени и два бронзени медала (8-3-2), Миоки 2-2-1, Преспа 2-2-0, Пролетер 2-1-1, Дрим 1-3-4, Работнички 1-1-0, Пелистер 1-0-0, Ипон 0-3-0, Мастер 0-1-1, Супер џудо 0-1-0, Санкаку 0-1-0, Кожувчанка 0-0-2. Г.И.