Фото: МВР Србија

Родителите на двегодишното девојче Данка Илиќ, чие исчезнување беше пријавено во вторникот на 27 март, Милош и Ивана Илиќ, со денови се на сослушување со цел истражителите да добијат увид што се случило кобниот ден, а вчера беше извршена реконструкција на движењето.

Како што пишуваат медиумите, полицијата вчера отишла со мајката на малата Данка Илиќ на местото каде исчезнала, за да им го покаже секој чекор и детал од денот кога исчезна девојчето.

Затоа е направена реконструкција на нивното движење. Заедно со мајката полицијата ги проверува сите информации и наоди.