И покрај ставот на техничкиот премиер дека „приказната е законски затворена“, неопходно е македонскиот правосуден систем да создаде правни можности за процесирање на хашките случаи, зашто тие сепак никогаш нема да застарат. А одложувањето за соочување со грешките од минатото само ги продлабочува недовербата и поделбите во општеството
Амнестијата секако значи дека имало сторено злодело и поради тоа се заобиколува гонењето, но значи и постоење и признавање на вината
Активирањето на дебатата во македонската јавност за судско активирање на четирите т.н. хашки случаи, за воените злосторства извршени од парамилитантната ОНА (УЧК) во 2001 година, и покрај политичките опструкции, сѐ погласно ги поттикнува анализите за општествената потреба од укинување на автентичното толкување на Законот за амнестија. Укинувањето на автентичното толкување е препорака од писмото на комесарката за човекови права при Советот на Европа, упатена до македонската влада, на 15 јануари, но за тоа јавноста разбра петнаесетина дена подоцна, кога веќе започна мандатот на техничката влада, во која поранешниот командант на ОНА, Талат Џафери, е технички премиер. Повеќе од еден месец по пристигнувањето на дописот на комесарката за човекови права, претходниот премиер Димитар Ковачевски, од позиција на претседател на СДСМ, партија носител на владејачката коалиција, вели дека дури сега во партијата „внимателно се разгледува писмото“. Но техничкиот премиер Џафери, во два наврата, на новинарски прашања за реактивирањето на хашките случаи одговара дека тоа е „законски завршена приказна“.
Амнестијата е индиректно признание дека злосторството е сторено, а со политички еквилибристики се барало да биде простено
Сепак, од анализите што произлегуваат од јавната дебата се отвори еден симптоматичен аспект на т.н. хашки случаи, поврзан со нивното незастарување како дела со карактер на воени злосторства против цивили, кои според меѓународното право – никогаш не застаруваат. Аспектот што се наметнува како логично прашање е повеќеслоен (правно-политички и морално-етички) и тој е: Дали самиот факт што постои Закон за амнестија и негово автентично толкување (десет години подоцна) значи своевидно признание дека злосторството е сторено и со по- Цела Македонија треба да биде загрижена за препораката на комесарката за човекови права при Советот на Европа, за отворање на хашките случаи. Сега велат, односно Талат Џафери вели дека тоа е „завршена работа“ законски, меѓутоа тоа може да има сложени импликации за сегашниот политички миг во Македонија. Првиот спорен момент е зошто Груевски го помина тој закон. Што мака имал да го носи тој закон? Сите слушнавме во прислушуваните разговори дека Груевски вели „да бидеме раат цел мандат“… Значи тој сметал дека со гласањето на автентичното толкување на Законот за амнестија, во 2011-та, албанските партии, па и ДУИ, нема да му се мешаат во водењето политика и ќе може да прави што сака. А и правеше… Не требаше да остане со амнестија. Амнестијата значи дека си направил нешто, па ти простиле. Сега нека мисли тој што направил нешто. Тој (Али Ахмети) веројатно долго време го молел Груевски да биде амнестиран. И не случајно сега Али Ахмети е тој што бараше Груевски да се врати во Македонија. Значи, таму има длабок меѓусебен пазар. Ахмети воопшто не го интересираат кривичните дела на Груевски. А потоа ќе зборуваме и за неговите… Каков и да е исходот, сѐ укажува дека нас нѐ водат корумпирани луѓе. Корумпираност во смисла сите закони и прописи да се приспособат за амнестијата, за да се спасат тие. А сите се прават големи трговци со патриотизам – изјави во една медиумска дебата Џевдет Хајредини, политички аналитичар и поранешен министер за финансии во македонската влада.
Повеќемина правни експерти имаат цврст став дека автентичното толкување на Законот за амнестија е прекршување на меѓународното право, а Македонија поради политички опортунизам влегла во таква авантура, со поттурнување на проблемот под тепих. Писмото на комесарката за човекови права при Советот на Европа е потсетување дека со автентично толкување на закон, не може да се прости и заборави воено злосторство против цивили. Едноставно, хашките случаи не може да бидат ставени ад акта. И покрај ставот на техничкиот премиер дека „приказната е законски затворена“, неопходно е македонскиот правосуден систем да создаде правни можности за процесирање на хашките случаи, зашто тие сепак никогаш нема да застарат. А одложувањето за соочување со грешките од минатото само ги продлабочува недовербата и поделбите во општеството.