Судијката Даниела Димовска поради приватни причини денеска побара да биде изземена од Судскиот совет во предметот „Титаник“. Претходно, таа побара изземање и од предметот „Талир“.
Станува збор за двата предмети што и беа распределени, а кои ги водеше судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје.
Пред денешната расправа која беше одложена за 1 март, судијката посочи дека со еден од обвинетите била колешка додека работела во Собранието на Македонија, а со друг, како што рече, се познавале од слави.
Предметот „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и беше во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“ кој започна во 2018 година.
Поради смената на Судскиот совет двата предмети сега ќе треба да започнат од почеток.