Меѓународно истражување предводено од Кина откри дека океаните ги достигнале највисоките регистрирани температури петта година по ред во 2023 година, што е загрижувачки знак за брзината со која се загрева светот, пренесува „Анадолија“.
Во студија спроведена од Кинеската академија на науките, истражувачи од Кина, САД, Нов Зеланд, Италија и од Франција ја измериле годишната температура на водата во океаните.
Мерењата покажаа дека температурата на водата во океаните во 2023 година била за 0,23 степени повисока отколку во 2022 година. Значи, ова е „највисоката температура“ забележана петти пат едноподруго.
Истражувачите изјавија дека дури и ако се намалат емисиите на стакленички гасови, температурите на водата во океаните ќе продолжат да растат во текот на овој век.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Адвансис ин атмосферик сајенсис“.