Фото: Пиксабеј

Големиот ирски поет Оскар Вајлд еднаш рекол дека со годините доаѓа мудроста. Но новото истражување сугерира дека тоа можеби не е точно, барем не во реалниот свет.
Докторката Џудит Глук, психолог на Универзитетот во Клагенфурт во Австрија, спроведе преглед на претходни истражувања што ја поврзуваат возраста со мудроста.
Таа заклучува дека статистичките врски меѓу мудроста и возраста не се силни, и покрај вообичаените претпоставки и прикази во популарната култура.
– Иако мудроста може и често доаѓа со годините, годините не гарантираат дека ќе станете мудри – истакнува д-р Глук.
Таа тврди дека не постои универзален пат до развојот на мудроста. Со други зборови, луѓето низ светот не стануваат автоматски помудри со текот на времето, пишува „Дејли мејл“.
– Животните искуства, наместо времето, се клучот за развивање на мудроста – истакнува Глук.