Одбележан патронатот на ООУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид

Со свечена програма во центарот за култура „Григор Прличев“, на 6 декември беше одбележан патронатот на ООУ „Свети Климент Охридски“. Годинашното чествување на празникот беше под мотото „Богатството наше – јазикот“. Со пригодна програма настапија учениците од прво, трето, петто и деветто одделение, а учествуваа и хорот и оркестарот при училиштето.
Пред големиот број ученици, родители, граѓани и гости од соседна Србија се обрати директорот на училиштето Јордан Пуроски.
– Нашата годинашна прослава тематски е посветена на нашиот мајчин јазик. Нашите ученици треба да ги разберат и да ги почувствуваат неговата важност и потреба. Денес можеме да ја почувствуваме и да ја разбереме историската борба низ која поминал за да опстане и да продолжиме да го негуваме и чуваме, зашто тој е нашето главно обележје. Токму за богатството наше – јазикот говори нашата вечерашна програма што ја подготвија учениците – истакна во своето обраќање Пуроски.
Во продолжение на програмата учениците изведоа богата уметничка програма, а беа доделени и наградите за најуспешни литературни творби.
Чествувањата на Св. Климент Охридски претходно беа одбележани и со традиционалниот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“.
Беа доделени и награди за најуспешните ученици учесници на конкурси и натпревари.
Годинава наградите ги освоија учениците:

Литературни творби
– одделенска настава
Бисера Мицкоска 2 одд. – Далјан – прва награда
Ангела Каламатковска 3-б одд.- втора награда
Бисера Мариноска 2 одд. – Далјан – трета награда

Литературни творби
– предметна настава

Климент Укоески 8-а одд. – прва награда
Петар Илчески 7-a одд. – втора награда
Викторија Николоска 7-б одд. – трета награда
Ликовни творби – одделенска настава
Евгенија Глигороска 4-б одд. – прва награда
Киара Манчевска 2-б одд. – втора награда
Ангела Каламатковска 3-б одд. – трета награда
Александра Шуканова 5-а одд. – трета награда

Ликовни творби
– предметна настава
Елена Павловска 8-б одд. – прва награда
Максимилијан Петревски 6-а одд. – втора награда
Ристе Ристески 8-б одд.- трета награда

Награди од спортски натпревари
Пингпонг-турнир (машки)
во предметна настава
I место – Марко Ѓоргоноски
II место – Христијан Софкоски
III место – Наум Каневче

Пингпонг-турнир (женски)
во предметна настава
I место – Ања Алческа
II место – Ана Спасеска
III место – Ведрана Танеска

Шах-турнир (машки)
во предметна настава
I место – Јован Пуроски
II место – Христијан Софкоски
III место – Тане Јанчески

Шах-турнир (женски)
во предметна настава
I место – Ивана Новакова
II место – Весна Настевска
III место – Лана Трпкоска

Шах-турнир (машки)
во одделенска настава
I место – Павел Групчев
II место – Сергеј Кречов
III место – Климент Ковачески

Шах-турнир (женски)
во одделенска настава
I место – Ивана Момироска
II место – Лидија Коваческа
III место – Александра Шуканова

Наградени ученици на
натпреварот во најбрзо
составување на Рубиковата коцка
Филип Целески 7-б одд. – прва награда
Филип Нелоски 7-а одд. – втора награда
Анастасија Димоска 7-б одд. – трета награда


Роденденска еко акција за собирање електронски отпад

По повод патрониот празник, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, во организација на „Нула отпад“, a во соработка со клубот за подводни дејности Охрид, „Еко Фап“ и „Ротари клуб“-Охрид, спроведе екоакција за собирање електронски отпад.
Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ освен што донираа и собираа електронски отпад, делеа и еколетоци низ стариот град.
Од страна на „Нула отпад“ беа донирани два телевизора за училиштето како награда за заложбите и партнерството во еколошката мисија, како и за реализираните едукативни активности на учениците од трето и четврто одделение, како дел од програмата на „Нула отпад“ за издигнување на јавната свест за селекција и правилно отстранување на електронскиот отпад и отпадните батерии.