ЕП ВО БРЗ И ВО ЗАБРЗАН ШАХ ЗА ЖЕНИ

ВМ Александра Костењук од Швајцарија освои двојна европска титула, откако славеше на Европското првенство (ЕП) во брз и во забрзан шах за шахистки, во Монте Карло. Првиот турнир беше шампионатот во брз шах (време за размислување три минути, плус две секунди), по 13 кола, меѓу 104 шахистки, Костењук (2.745, рангирана прва пред ЕП) освои 10 поени, колку што имаа и ИМ Сарасадат Кадемалшариех (2.364) од Шпанија и ВМ Бела Котеннашвили (2.333) од Грузија, но со послаб дополнителен критериум.
На ЕП во забрзан шах (15 минути, плус 10 секунди) меѓу 116 учеснички, по 11 кола Костењук (2.743, рангирана прва) освои девет поени, пред ВМ Антоанета Стефанова (2.369) од Бугарија и ВМ Елизабет Паетц (2.381) од Германија, со по 8,5 поени.
Над 120 шахистки од 24 европски федерации се пријавија за двете ЕП, вклучувајќи ги и поранешните женски светски шампиони Костењук, Стефанова, Украинката Ана Ушенина и легендарната Грузијка Нона Гаприндашвили (Грузија). Вкупниот награден фонд на турнирите беше 22.500 евра. Г.И.