Фото: Пиксабеј

Актерот и продуцент Том Круз постигна договор со „Ворнер брос“ да глуми во филмови. Како резултат на договорот, Круз и неговата продукциска куќа ќе имаат канцеларии во „Дискавери“ на „Ворнер брос“ во Бурбенк.
Сè уште не се објавени конкретни проекти во рамките на партнерството, но пактот не е ексклузивен. Круз ќе продолжи со своите постојни франшизи, како што е долготрајната серија „Невозможна мисија“ со „Парамаунт пикчрс“. Следниот дел од „Невозможна мисија“ е закажан за 2025 година.
– Возбудени сме што работиме со Том, апсолутна легенда во филмската индустрија. Не би можеле да бидеме повозбудени да му посакаме добредојде на Том назад во „Ворнер брос“ – објавија оттаму.
Минатите проекти на Круз со „Ворнер брос“ се „Интервју со вампирот“, „Ризичниот бизнис“, „Последниот самурај“ и „Очи ширум затворени“. Неговиот последен проект со тоа студио „На работ на иднината“ е објавен пред десет години.