Турските безбедносни сили неутрализираа уште седум екстремисти на Курдската работничка партија (ПКК) во северна Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, „терористите на ПКК“ биле нападнати од турските сили додека планирале напад врз турски војници. ПКК има свој огранок во соседна Сирија, и е позната како ИПГ.
Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка организација.