Северна Кореја денеска истрела повеќе од 60 артилериски гранати од територија во близина на спорната поморска граница со Јужна Кореја, објавија јужнокорејските вооружени сили.
Пјонгјанг и вчера истрела повеќе од 200 проектили во истата област во Жолтото Море, во близина на островите Јеонпјеонг и Бенјон.
Артилеријата била насочена кон северозападниот дел на островот Јеонпјеонг, а пукањето се случило денеска меѓу 16 и 17 часот по локално време – соопшти началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените силите на Јужна Кореја.
Во соопштението се „повикува“ Северна Кореја да престане да презема активности кои го загрозуваат мирот на Корејскиот полуостров и ги зголемуваат тензиите