Зимскиот преоден рок за фудбалери во Европа треба да трае до 1 февруари
ФУДБАЛ
Со првиот ден од новата година почна и зимскиот преоден рок за фудбалерите во Европа, кој треба да трае до 1 февруари. Според податоците на британскиот дневен весник „Гардијан“, веќе се направени триесетина трансфери, со вкупна вредност од околу 80 милиони фунти.
Според податоците на тој весник, лани во јануари во најсилните пет европски домашни фудбалски првенства (во Англија, Шпанија, Франција, Германија и во Италија) биле направени 532 трансфери, во вкупна вредност од 966 милиони фунти.
Англиската Премиер-лига во минатогодишниот зимски преоден рок постави некои рекорди. Повеќе од 275 милиони фунти биле потрошени само на крајниот ден пред затворањето на зимскиот преоден рок во 2023 година, пишува „Би-би-си“.
Зимскиот рекорд од 430 милиони фунти на клубовите од англиската Премиер-лига во 2018 година беше соборен пред последниот ден на тој преоден рок, а вложувањата на англиските клубови од највисокиот ранг изнесуваше 79 отсто од вкупниот број во најсилните пет европски фудбалски лиги, пишува „Би-би-си“. Н.М.