Со оглед на можниот расплет во фудбалската Лига на нациите (ЛН) постои веројатност во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година во иста група да се најдат Хрватска, Србија, БиХ, Словенија или Црна Гора и Македонија.
Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи барабаните на ждрепката за составот на групите за ЕП, закажана за 2 декември во Даблин, Ирска, да се направат според пласманот во ЛН. Тоа значи дека во првиот барабан ќе се најдат првите 10 селекции од лигата А, во вториот преостанатите две од лигата А, плус осумте најдобри од лигата Б итн.
Така, во првиот барабан засега сигурни се Белгија, Франција, Италија, Португалија, Англија, Шпанија, Швајцарија и Холандија, најверојатно и Хрватска. БиХ, која се пласира во лигата А, ќе биде во вториот барабан. Србија, која би требало да биде прва во групата и да се пласира во лигата Б, би требало да биде во третиот барабан, во четвртиот ќе бидат Словенија и Црна Гора, а Македонија во петтиот (освен ако Грузија не победи во шестото коло вечерва).
Дали ќе се остварат овие предвидувања и дали ќе има квалификациска група за ЕП за 2020 со селекции од поранешна Југославија, ќе се знае по одигрувањето на последните мечеви во ЛН.
Постои варијанта во групата да има шест репрезентации и доколку биде така, во неа би биле едни од најслаборангираните репрезентации, Андора, Лихтенштајн, Малта, Сан Марино…