Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, ниту во вториот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи.
Во првиот круг за прием на Косово гласаа 76 земји членки на Интерпол, 56 беа против, а 22 воздржани.
Во вториот круг на гласање 68 го поддржале Косово, 51 држава била против, а воздржани биле 16 држави.
Помеѓу првиот и вториот круг на гласање претстоеше пауза, но ниту во вториот круг на гласање на Генералното собрание на Интрепол, Косово не обезбеди доволен број гласови.