Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска прогласија четиричасовен хуманитарен прекин на огнот во централниот дел на Појасот Газа, со цел да се одмори локалното население од борбите и да се дозволи хуманитарна помош, соопшти Канцеларијата за координација на владините активности на палестинските територии.
– ИДФ спроведува тактички паузи во хуманитарната помош со цел да го надополни снабдувањето со храна и вода во Појасот Газа. Денеска, 25 декември, прогласена е пауза во А-Шеик Мухамед ал Џамани Вест во Деир ал Балаху во периодот од 10 до 14 часот по локално време – се наведува во соопштението на ИДФ на платформата Х, пренесоа западните агенции.`