Папата Франциск во својата божиќна миса во базиликата Свети Петар рече дека срцата на сите верници се вечерва во Витлеем, каде, како што наведе, Исус уште еднаш бил отфрлен од залудна логика на војната, од конфликт со оружје што и денес го спречува да најде место во светот.
Папата се молеше љубовта да ја промени историјата и дека силата на Христовата љубов ќе ги победи силите на светот.
– Бог не ја елиминира неправдата одозгора покажувајќи моќ, туку покажувајќи љубов, спуштајќи се во тесните рамки на човечките животи – нагласи папата.
Во својата проповед, папата потсети на Евангелието според Лука, во кое контрастот помеѓу потрагата по световна моќ и слава, која се’ мери со успех, резултати, бројки, и Исус, кој е алтернатива на таквата потрага.
Папата ги повика верниците „да ги држат очите отворени во живиот и вистински Бог“.