ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Нови правила за заштита на велосипедистите од високи температури треба да воведат од глобалното раководно тело, Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), пишува „Би-би-си“. Според протоколот, ќе може да се преземе акција кога температурите и влажноста на воздухот претставуваат ризик. Одлуките би можеле да вклучат преместување на стартните зони во сенка, поместување на времето на старт или одложување на делови од трките, а други препораки вклучуваат „снабдување на тимовите со студени пијалаци и кршен мраз за време на трката и зголемување на бројот на мотоцикли за снабдување“.
– Со оглед на климатските промени со кои се соочува светот во претходните години, УЦИ сака подобро да ги дефинира оптималните услови за организирање друмски трки во топла клима со нов протокол за високи температури – пишува во соопштението на УЦИ, пренесе „Би-би-си“.
Новите правила ќе бидат во прилог на протоколот за екстремни временски услови, воведен во 2015 година и ги опфаќа сите неповолни временски услови. Слични правила има и во други спортови, како што е протоколот за висока температура на тенискиот турнир Австралија опен, кој дозволува прекин на натпревари на надворешни терени поради екстремна топлина, пишува „Би-би-си“. Н.М.