Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците.
Во врска со сообраќајниот хаос во Скопје, од МВР велат дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.
– Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен – велат од МВР.